Оваа гимназија е една од 23-те средни училишта во кои Градот планира да постави вкупно 573 прочистувачи на воздух за што ќе бидат потрошени околу 11 милиони денари.
– Ова значи дека обезбедуваме почист воздух за време на наставата за 1.107 средношколци што е особено важно во деновите кога има зголемено загадување во Градот. Тргнувајќи од фактот дека нашите ученици се движечката сила и иднината на општеството и сонанието дека околу една третина од денот овие средношколци го поминуваат во училишните простори, Градот со поставување на прочистувачите сака на вкупно 21.783 средношколци да им овозможи почист воздух и поздрава животна средина, изјави денеска портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.
Директорката на гимназијата Горица Илијоска се заблагодари за досегашната соработка со Градот со чија помош се поставени прочистувачи на воздух, а во текот на летото беа изведени и градежни активности за училиштето да стане енергетски ефикасен објект.
Во следните недела дена треба да бидат поставени прочистувачи на воздухот во сите средни училишта кои се под надлежност на Град Скопје.