Во сообраќајка со трагични последици една жена пешак го загуби животот на булеварот „Браќа Гиновски“ во населбата Малеарди.

Според првичните информации на СВР Тетово, сообраќајката се случила околу 13:30 часот кога камион налетал на жена пешак, а од силината на ударот жената починала на самото место. Идентитетот на жената пешак се уше не е познат.

Во моментов увидна екипа на полициска станица Гостивар и јавен обвинител вршат увид по што ќе биде појасно под какви околности се случил трагичниот настан. Едниот крак од булеварот во моментов е во прекин, а сообраќајот се пренасочува на двата кружни тока.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2018 14:58