Вчера попладне министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима проф. д-р Зоран Шапуриќ оствари работна средба со менаџментот на копманијата ДММ Дрекселмаер Мануфактуринг предводен од директорот Лукас Мурингер.

На почетокот на средбата директорот на Дрекселмаер изрази задоволство од соработката со Владата на Република Македонија и најави дека нивната цел е да произведуваат во Македонија на подолг период и најавија нови инвестиции во државата. Овој странски инвеститор во 2018 година оствари раст и го зголеми своето производството за околу 13 проценти.

Набавките на Дрекселмаер од македонските компании оваа година ќе достигнат рекордни 12 милиони евра во денарска противвредност и планираат во иднина да ги зголемат за што ќе го развиваат и надоградуваат веќе востановениот едукативен и тренинг центар. Оваа компанија која вработува 6.000 работници со новите инвестиции ќе вработи уште околу 800 работници.

Шапуриќ истакна дека определбата на Владата на Република Македонија е да ги поддржува странските инестиции и дека е посебно заинтересирана за инвестиции кои ќе доведуваат до производство на производи со повисока додадена вредност, воведување на нови развиени технологии, подобро платени работни места и особено за зголемување на соработката на странските инвеститори со домашните копмании. Тој истакна, дека со мерките за економскиот раст на Владата годинава отпочна да се реализира и финасиската подршка за инвестции и за домашните компании.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2018 09:13