Групацијата Триглав, која работи на македонскиот пазар во 2019-та година планира добивка пред оданочување во износ помеѓу 80 и 90 милиони евра, консолидирана бруто премија од осигурување околу 1,1 милјарда евра и комбиниран коефициент во висина од околу 95 отсто.

Од компанијата информираат дека достигнување долгорочна, стабилна профитабилност и зголемување на вредноста остануваат стратетешки цели на Групацијата Триглав.

– Групацијата очекува, дека работењето во секторот на осигурување ќе се одвива во помалку поволни макроекономски услови во регионот, споредено со 2018г., што дополнително може да придонесе кон заострување на конкуренцијата на осигурителните пазари. Според очекувањата, финансиското опкружување за поврат на инвестиции и во 2019-та година останува неповолно. Основните инвестициски насоки за осигурителните портфолија на Групацијата Триглав, остануваат непроменети, што значи, обезбедувње соодветна сигурност и ликвидност на вложувањата, покрај остварување на соодветна профитабилност, наведуваат од Групацијата.

-Нашиот правец на раст и развој е стратешки зацртан, веруваме дека е правилен и не го менуваме. Стратегијата ја ажуриравме првенствено со намера појасно да го одредиме фокусот во работењето на Групацијата. Тимот од повеќе од 5000 вработени во регионот е поврзан преку вредностите како што се навременост, едноставност и доверливост. Во 2019-та година влегуваме со оптимизам и енергија и натаму да ги развиваме културата на ангажираност и нашиот фокус на клиентите. Имаме за цел профитабилно и финансиски стабилно работење. Имајќи ги предвид пазарните услови, за следната година планирана е повисока добивка пред оданочување, споредено со планираната добивка за 2018-та. И понатаму грижливо ќе ги спроведуваме сите усвоени стратешки проекти и активности. Верувам дека притоа ќе бидеме успешни, изјави Андреј Слапар, претседател на управата на Заваровалница Триглав.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2018 16:20