Замена на Акцизата за увоз на возила со закон за данок на возила врз основа на емисиите на јаглерод диоксид, субвенции за „озеленување“ на возниот парк и измена на методологијата за пресметка на надомест за животна средина при годишна регистрација на возила врз основа на СО2 емисии, се предлозите што ќе бидат презентирани денеска на он-лајн јавната дебата за Политиката за економичност на горива на РМ.

Дебатата ќе биде отворена за дискусии, прашања и коментари на фејсбук страницата (https://www.facebook.com/events/380399412707149/?notif_t=plan_user_invited&notif_id=1545148325088849).

Ја организира проектот „Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на горивото“, а ќе се одржи во Канцеларијата на Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ).



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2018 11:29