Во текот на 2018 година ширум светот се убиени вкупно 94 новинари и медиумски работници, што е за 12 повеќе во споредба со лани, соопшти Меѓународната федерација на новинарите.

Според Федерацијата, со ова, по шест години континуирано намалување, одново е регистриран раст на убиствата на новинари и медиумски работници.

Изминативе десетина години поголем број убиства на новинари и медиумски работници се регистирани само во 2006 – 155 и во 2012 – 121.

Држава во која годинава насилно животите ги загубиле најмногу новинари е Авганистан со 16 жртви, а по неа следат Мексико со 11, Јемен с девет и Сирија со осум убиени новинари и медиумски работници.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/12/2018 11:25