Во ноември годинава се издадени 292 одобренија за градење, што е за 27,5 проценти повеќе во однос на ноември 2017 година.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во извештајниот период е предвидена изградба на 717 станови, со вкупна корисна површина од 47.289 метри квадратни. Од вкупниот број, 514 станови се во Скопскиот регион, односно 326 во општина Бутел, 104 во Карпош, 55 во Центар 16 во Ѓорче Петров.

Според издадените одобренија за градење во ноември лани, предвидената вредност на објектите изнесува 2.942.350.000 денари или за 80,1 процент повeќе во однос на ноември 2017.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 144 (49,3 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 52 (17,8 проценти) од нискоградба и 96 (32,9 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 292 објекти, на 167 (57,2 процента) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 125 (42,8 проценти) инвеститори се деловни субјекти.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2019 13:16