Јакуб Блашчиковски помогна финансиски на Висла (Краков), со кој во моментов тренира. Полјакот дал околу 300.000 евра на својот поранешен тим, за да му помогне да си ги плати долговите, информира полски новинар во Твитер.

Новинарот додава дека Висла имале уште два кредити во вредност од 2,7 милиони злоти. Триста илјади евра се околу 1,3 милиони злоти.

Денеска излегоа и информации дека 33-годишниот Блашчиковски, кој е поранешен фудбалер на Борусија Дортмунд, Фиорентина и Волфсбург, е подготвен да игра за полскиот клуб бесплатно.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2019 14:16