Вест Хем е подготвен да се раздели со напаѓачот Марко Арнаутовиќ, ако добие понуда од најмалку 44 милиони евра, тврди „Скај Спортс“.
Интерес кон 29-годишниот австриски напаѓач не недостасува. Кинески клуб веќе понуди околу 39 милиони евра за играчот, за кој беше заинтересиран и Манчестер Јунајтед, кога менаџерот на „црвените ѓаволи“ беше Жозе Мурињо.
Во оваа сезона, Арнаутовиќ одигра 16 натпревари за „чеканите“, истакнувајќи седум погодоци и две асистенции. Неговиот договор со Вест Хем истекува летото 2022 година.