Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на 16 јануари заминува на зимски подготовки во Аланија, каде што ќе одигра четири натпревари.
Противници на „црвено-црните“ во турскиот град ќе бидат Иртиш од Казахстан на 19 јануари, Сумгаит од Азербејџан три дена подоцна, Александрија од Украина на 28 јануари и Черно Море од Бугарија на 2 февруари.
Предвидено е одигрување на уште три контролни натпревари на 26 и 30 јануари, и на 3 февруари, а противниците ќе бидат дополнително објавени, соопштено е на клупскиот сајт на ФК Вардар.