Еден од адвокатите на Наполи призна дека дефанзивецот а тимот, Калиду Кулибали ќе се појави на суд поради казната за два натпревари што ја доби по мечот со Интер на Божик.
Кулибали тогаш беше избркан по два жолти картони, но во текот на мечот тој беше навредуван на расистичка база од навивачите на тимот од Милано.
Самиот Кулибали сакал да се појави во судницата за да објасни зошто се стигнало до картоните.
– Ова е невообичаена приказна. Затоа Кулибали ќе биде ислушан од судија. Момчето сака да им објасни на луѓето како се чувствувал во текот на мечот и зошто тој одговорил на начин, невообичаен за него, изјави адвокатот, цитиран од италијанските медиуми.