Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората, е подготвен да ја намали платата за да игра во Атлетико Мадрид. Такви информации се појавија во шпанската верзија на „Марка“, а според нив, напаѓачот ја гледа својата иднина на „Ванда Метрополитано“.

На „Стемфорд Бриџ“, поранешниот играч на Реал Мадрид добива по 9 милиони евра (нето). Сега сепак тој е подготвен на отстапки, за да се врати во својата татковина.

Неодамна се појавија гласини и дека Барселона е заинтересирана за 26-годишниот фудбалер. Тој беше опција и за Севиља.

Мората го облече „синиот“ дрес летото 2017 година. Во тековната сезона на Премиер Лигата, напаѓачот зеде учество во 16 натпревари и постигна 5 гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2019 20:11