Последниот во англиската Премиер лига, Хадерсфилд, се раздели со менаџерот Дејвид Вагнер.
Стратегот, роден во Германија, си заминува откако договорот му беше прекинат по заедничка согласност. Според „Телеграф“, тој првично ги информирал шефовите дека ќе замине на крајот од сезоната, но потоа било одлучено дека разделбата ќе стане реалност уште денес.
Четириесет и седум годишниот Вагнер успеа да го спаси тимот од испаѓање минатата сезона, но во актуелната кампања се чини дека се осудени на враќање во Чемпионшип дивизијата. „Териерите“ се последни со само две победи во 22 круга, 8 поени од првиот тим над линијата.
Поранешниот асистент на Јирген Клоп ја презеде екипата во ноември 2015 година и успеа да ја однесе во Премиер Лигата во сезоната 2017/18.
Тренерот на тимот од 19-години, Марк Хадсон ќе го води тимот на претстојниот натпревар против Манчестер Сити.