Актуелниот англиски шампион Манчестер сити забележа убедлива победа со 3:0 синоќа во последниот натпревар од 22.коло на Премиер лигата. По овој триумф „граѓаните“ повторно се на четири бода негатива во однос на лидерот Ливерпул, а тренерот Пеп Гвардиола се надева дека и најголемиот ривал за трофејот до крајот на првенството може да направи некој „кикс“.
Наше е да одиграме максимално и да освојуваме што повеќе бодови. Можеби и Ливерпул ќе погреши негде. Ако не згрешат ќе бидат шампиони. Ние во досегашниот дел од сезоната бевме одлични, а тие се тим кој одигра малку подобро од нас. До крајот има уште доста да се игра и на располагање се многу бодови, останува да се види каков ќе биде конечниот исход од трката за титулата, изјави Гвардиола. По 22 кола во најквалитетната фудбалска лига на Англија, Ливерпул е прв со 57 бода, Манчестер сити има 53, Тотенхем 48, Челзи 47, Арсенал 41, Манчестер Јунајтед 41,…