Одбранбениот фудбалер на Атлетико Мадрид, Диего Годин, чиј договор истекува во јуни 2019 година, ќе замина во Интер во летниот трансфер рок, јавува радиостаницата „Кадена СЕР“.

Атлетико му нуди на Годин едногодишен договор, но спортистот не е задоволен. Изворот на информацијата тврди дека 32-годишниот уругвајски фудбалер ќе потпише двегодишен договор со калчолигашот за плата од 5,5 милиони евра по сезона.

Во тековната сезона, Годин играше на 21 натпревар за Атлетико, постигна два гола и забележа една асистенција.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2019 11:30