Европската фудбалска федерација отвори случајот против Челзи поради манифестирање на ксенофобични пораки на неговите навивачи.

За време на натпреварот од групната фаза во Лига Европа против унгарскиот Види на гостински терен, беше забележан знаме со знакот на СС „Мртва глава“. Покрај тоа, навивачите на „сините“ се обвинуваат за манифестирање на расизам.

На Челзи му се заканува казна со затворање на трибините на домашен натпревар во евро-куповите.

Лондончаните следниот дуел на свој терен ќе го одиграат на 21 февруари во 1/16 финалето на Лигата на Европа против Малме, но тогаш ќе ја имаат поддршката од навивачите, бидејќи седницата на УЕФА на која ќе се разгледува случајот со расизам е закажана за 28 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2019 11:36