Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано жали што не го реализира целоно својот потенцијал. Тој е уверен дека со повеќе работа би можел да го достигне нивото на капетанот на Барселона, Лионел Меси.

Како што рече Тоти пред извесно време, искористив само 50 отсто од мојот потенцијал. Направив толку многу грешки, не сакав да тренирам. Ако работев како што треба, би можел да станам како Меси кој засекогаш ќе остане запишан во историјата на фудбалот, изјави Касано. За време на неговата кариера, 36-годишниот Италијанец играше во Рома, Реал Мадрид, Милан, Сампдорија, Интер и други клубови.

Поради нескротливиот темперамент Касано не успеа да се „скраси“ во кој било клуб. За италијанската репрезентација одигра 39 натпревари и постигна 10 гола. Кариерата ја заврши летото 2017 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2019 12:23