Челзи е подготвен да го продаде белгискиот напаѓач Еден Азар за 112 милиони евра (100 млн. фунти), објави „Дејли телеграф“.

Главниот кандидат за 28-годишниот фудбалер е Реал Мадрид. Тимот од Лондон ќе се согласат да се разделат со нивната ѕвезда ако Шпанците се подготвени да платат фиксен износ.

Самиот играч во неколку наврати изјави дека е подготвен за таков трансфер и со нетрпение очекува таков предизвик. Азар може да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ во текот на летото.

Во актуелната сезона, репрезентативецот на Белгија зеде учество во 27 натпревари за „сините“, откако реализираше 12 гола и 10 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2019 16:04