Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин може да го пропушти утрешното финале за Суперкупот на Италија, кое ќе се игра во Џеда, соопшти „Скај Спорт Италија“. Причината е претстојниот трансфер на Аргентинецот во Челзи, додава изданието.

Многу веројатно е утре нападот на „росонерите“ да биде предводен од Патрик Кутроне.

Во моментов, раководството на клубот работи напорно за привлекување на Кшиштоф Понтек за заменик на Игуаин.

Ако Игуаин премине во Челси, тогаш Милан ќе бара од Јувентус да добие половина од 18-те милиони евра кои клубот ги плати во текот на летото за изнајмување на напаѓачот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2019 17:34