Манчестер Сити го купи јапонскиот дефанзивец Ко Итакура и го пушти на изнајмување на холандски Гронинген, објавија од клубот.

Дваесет и едно годишниот Итакура доаѓа кај „граѓаните“ од Кавасаки за сума од 1,1 милион евра.

Јапонецот ќе игра во Гронинген до летото 2020 година, бидејќи тој во моментов не може да добие работна виза за Велика Британија.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2019 18:06