Екипата на Фулам, која се бори за преживување во Премиер лигата, го привлече холандскиот напаѓач Рајан Бабел со договор до крајот на сезоната.
Во последната година и пол, Бабел (32) настапувапе за турски Бешикташ. Тој има сериозно искуство во англиската елита откако играше преку 90 натпревари помеѓу 2007 и 2011 година и постигна 12 гола за Ливерпул.
Бабел бил дел од екипите на Хофенхајм, Кашимпаша, Ал Аин и Депортиво Ла Коруња. Тој неодамна повторно беше повикан и во националниот тим, чиј дрес за првпат го облече во 2015 година.
Фулам во моментов е на 19-то место на табелата во Премиер лигата (14 поени), на 5 од зоната за спас.