Дефанзивецот на Челзи, Давид Луиз, може да се врати во француското првенство. Како што објавија тамошните медиуми, Монако е сериозно заинтересиран за 31-годишниот Бразилец, чиј договор со „сините“ завршува на крајот на сезоната.
Претходно беше објавено дека Челзи сака да го продолжи договорот со Луиз, но не прифаќа да потпишува повеќегодишна соработка.
Оваа сезона, Луиз одигра 26 натпревари, постигна еден гол и забележа две асистенции.
Пред Челзи, Луиз играше за Пари Сен-Жермен, а во кариерата има настапувано уште за Бенфика и Виторија.