Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Анхел Ди Марија цврсто верува дека неговиот тимски колега Килијан Мбапе ќе стане најдобриот играч во светот.

Минатата година, Французинот го доби трофејот „Рејмонд Коп“ што се доделува на најдобриот млад играч.

– Мбапе е феномен. Тој прераснува во извонреден играч. Тоа го покажа и Светското првенство минатата година кога неговата репрезентација го освои трофејот. Ако продолжи во истиот ритам, тој сигурно уште ќе напредува и ќе ја освои „Златната топка“, изјави Ди Марија.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2019 11:34