Тренерот Бернардо Ернесто Валверде останува во Барселона и следната сезона, потврди првиот човек на шпанскиот шампион.
Ова изјава доаѓа по објавата на Валверде дека не е сигурен дали ќе биде тренер на каталонскиот клуб по завршување на сезоната кога му истекува договорот.
Не се сомневаме во неговиот квалитет. Наскоро ќе направиме нов договор. Валверде е паметен тренер, достоен, е вистински човек за нас. Ќе ја предводи Барселона и во новата сезона, изјави Бартомеу за каталонски „Спорт“. Пред да дојде на „Камп Ноу“, тој ги предводеше Еспањол, Атлетик Билбао, Олимпијакос, Виљареал и Валенсија.