Капитенот на Барселона, Лионел Меси, не придава многу на значење на неодамна поставениот рекорд. Тој на 13 јануари, на натпреварот со Еибар успеа да го постигне 400. гол во првенството на Шпанија.

Горд сум на едно такво достигнување, но навистина не обрнувам многу внимание на евиденцијата и бројките. Повеќе сакам да се концентрирам на секој ден. Не мислам на голови, туку на секој следен натпревар на кој треба да победиме и освоиме уште три бода во походот кон титулата. Се обидувам да му помогнам на тимот, не само да подобрувам индивидуални статистички показатели, изјави меси. Аргентинецот за да дојде до 400 голови во Примера, му беа потребни 435 натпревари. На второто место на листата на најдобри стрелци во историјата на шампионатот во Шпанија, се наоѓа поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо со 311 погодоци во дресот на „кралскиот клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2019 14:22