Од Лидс ги шпионирале сите свои ривали досега оваа сезона. Ова го призна менаџерот на тимот, Марсело Биелса, на специјален брифинг денес.
Скандалот изби минатата недела кога Дерби забележа како тренер на Лидс ги шпионира во нивната база и ја повика полицијата.
Таквото однесување се смета за неетичко, а лидерот во шампионатот се извинија на „овните“, но излегува дека ова било вообичаена практика уште од почетокот на сезоната.
– Секој има право на мислење, а многумина не го одобруваат моето однесување. Тие велат дека тоа не е етичко и морално. Јас сепак го следев секој противник против кој игравме. Го следевме нивниот тренинг пред натпреварите, изјави Биелса.
Тој тврди дека она што го направил не е нелегално.
– Можеме да расправаме дали е етички, но сигурно не го прекршивме законот. Од друга страна, јас разбирам дека не се, што правила дозволуваат, е правилно да се прави, додаде менторот чиј тим води во Чемпионшип дивизијата и има добри шанси да се врати во Премиер Лигата.