Фондот за иновации и технолошки развој денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа ќе ги презентира резултатите од спроведените проекти избрани на јавниот повик за финансирање проекти за намалување на загаденоста на воздухот „О2 ПРЕДИЗВИК“.

На настанот најавено е обраќање на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и на претставници на петте избрани компании.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2019 10:21