Бразилскиот играч за врска Алан ќе се пресели од Наполи во Париз Сен Жермен за 100 милиони евра, тврдат денеска италијанските медиуми.

Телевизијата „Луна“, која прва објави дека нови тренер на Наполи ќе биде Карло Анчелоти, објави дека двата клуба се многу близу до договор, а трансфер цената веќе е утврдена.

Алан веќе ги договорил деталите за соработка со парижаните и четиригодишниот договор вреден вкупно 32 милиони евра.

На ПСЖ му се потребни засилувања во средината на теренот, бидејќи Адријан Рабио одби да го продолжи договорот и ќе си замине во текот на летото, а изборот падна на Алан.

Пред Наполи, 28-годишниот фудбалер настапуваше за Удинезе и Васко де Гама.

Сега останува нејасно како „принцовите“ ќе ги исполнат правилата за финансиски фер-плеј, бидејќи пред овој трансфер тие беа под „лупа“ од страна на УЕФА.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2019 16:26