Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјeр откри дека се надева дека во наредните недели ќе добие добри вести за новите договори на Антони Марсијал и Давид Де Хеа.

Сегашните договори на француското крило и шпанскиот голман истекуваат на крајот на следната сезона, но раководството на „црвените ѓаволи“ се надева дека ќе успее да задржи двајца од своите најдобри играчи.

Според „Скај Спортс“, шефовите на Манчестер Јунајтед се многу блиску до тоа да се договорат со Марсијал за нов петгодишен договор и Солскјер индиректно го потврди тоа.

– Мислам дека клубот напредува, но има луѓе кои се занимаваат со овие работи. Не знам на кое ниво се преговорите, но се надевам дека може да имаме добри вести во наредните недели, прокоментира Солскјер пред утрешниот дуел со Арсенал од четвртиот круг на ФА Купот.

Норвежанецот не ги негираше информациите дека „топџиите“ упатиле понуда до Јунајтед да го земат централниот дефанзивец на тимот Ерик Баји на позајмица до крајот на сезоната со опција да го купат потоа.

– Ќе кажам вака: нема да сум изненаден, ако тоа е вистина. Секогаш има шпекулации за време на трансфер прозорецот, изјави тренерот на „црвените ѓаволи“.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2019 18:05