Халфот на Реал Мадрид, Иско не сака да го напушти тимот и покрај интересот на Манчестер Сити, Интер, Јувентус и Пари Сен Жермен. Неговиот приоритет е да продолжи да игра на „Сантијаго Бернабеу“ следната сезона, но тоа зависи од еден важен услов: дали Сантијаго Солари ќе остане на чело на тимот. Ако Аргентинецот ја задржи својата позиција за следната кампања, тогаш играчот ќе побара излезен трансфер во текот на летото, пишува „АС“.

Иско ќе стане татко по втор пат во следниве месеци, а неговата намера е да остане во главниот град на Шпанија. Неговите лоши односи со Солари и времето поминато на теренот (само 491 минута), сепак прават така, иднината на фудбалерот на Реал Мадрид да зависи од тоа што ќе се случи со тренерот. Тие сигурно нема да делат иста соблекувална следната сезона.

Друго прашање е стратегијата на клубот. Раководството знае дека репрезентативецот на Шпанија е еден од највредните играчи во тимот. Тој е сметан за важен дел од револуцијата што му е потребна на тимот наредното лето.

Според изданиетп, во случај шпанскиот репрезентативец да го напушти Реал, Манчестер Сити е во најдобра позиција да го привлече. Гвардиола го сака неговиот стил на игра и инсистира на негов трансфер во англискиот клуб. Во Велика Британија шпекулираат дека понудата на граѓаните ќе достигне 86 милиони евра, но Мадрид нема да го продаде за помалку од 100 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2019 18:26