Во денешно време големите фудбалери имаат најразлични клаузули во нивните договори кои им носат големи бонуси, покрај огромните плати.

Клаузулата, за која се тврди дека Марио Балотели ја има во договорот со Марсеј, сепак, го надминува сето она што може да се замисли.

Новинарот на „Евроспорт“, Максим Дупуа, на својот Твитер профил објави дека во договорот на Балотели има бонус ако присуствува на тренингот на тимот! Или попросто кажано, ако си ја врши работата …

„Супер Марио“ ќе игра во Марсеј до крајот на сезоната. Инаку, тој е во сопственост на Ница, за кој има 10 натпревари во сезоната без гол.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2019 19:06