Халфот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата е на пат да предизвика битка меѓу европските гиганти, бидејќи во текот на летото станува слободен агент и ќе може да премине без пари во било кој тим.

Според информации на goal.com, Арсенал, Јувентус, Барселона и ПСЖ ja следат одблизу ситуацијата околу Шпанецот и не е чудно некој од споменатите тимови да потпише преддоговор со него во следните неколку недели, кој ќе стапи на сила од летото.

Исто така, постои можност тој да биде продаден за симболична сума овој месец.

Ситуацијата околу Мата е прилично нејасна и воопшто не се знае дали тој ќе парафира нов договор со „црвените ѓаволи“ или ќе си замине по крајот на сезоната, но поверојатно е да се случи второто.

Желбата на фудбалерот во принцип е да се врати во својата татковина Шпанија, а интерес од таму дефинитивно не недостасува. Дотолку повеќе што и од Валенсија се подготвени на сè, за да можат да си го вратат, откако пред да пристигне на „Олд Трафорд“ беше дел токму од „лилјаците“.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2019 20:21