Познати се групите за годинашното изданија на Копа Америка, континентално фудбалско натпреварување во Јужна Америка.

Турнирот ќе се игра во Бразил, а гости ќе бидат катарската и јапонската репрезентација кои добија специјална покана.

Состав на групите:

А-група: Бразил, Боливија, Венецуела и Перу.

Б-група: Аргентина, Колумбија, Парагвај и Катар.

Ц-група: Уругвај, Еквадор, Јапонија и Чиле.

Бранител на трофејот е Чиле.

Турнирот ќе се игра од 14 јуни до 4 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2019 13:06