Станаа познати деталите за тензиите меѓу Тиери Анри и фудбалерите на Монако. Од раководството на тимот од Кнежеството изразија незадоволство од работата на Французинот, особено со неговите методи на комуникација.

– По еден од натпреварите Анри викна кон еден играч: „Ти чиниш 10 милиони евра?“ Го чуја и други и реагираа негативно на тоа. Тренерот не комуницираше добро со тимот, беше арогантен и не ги слушаше мислењата на другите“, изјави човек од раководството на Монако пред goal.com.

Шефовите на Монако одлучија да го суспендираат Анри и тој веќе нема да го тренира тимот. Се очекува на функцијата да се врати Леонардо Жардим.

Тимот од Кнежевството е во зоната за испаѓање во Лига 1.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2019 15:31