Фудбалерите на Борусија Дортмунд нема да добијат забрана за трансфер во Баерн Минхен, како што напиша весникот „Билд“ пред десетина дена.

– Според правилата секој фудбалер решава во кој клуб да мине. Нема начин како да наметнеме забрана и таква никогаш немало, изјави спортскиот директор на „жолто-црните“, Михаел Цорк по темата.

Како што е познато, од 2013 до 2016 година тројца од асовите на Дортмунд преминаа во Баерн – Марио Геце, Роберт Левандовски и Матс Хумелс, кој дури беше капитен на тимот од „Сигнал Идуна парк“, кога тајно се договори со баварците.

Темата за забрана сепојави покрај трансферот на Кристијан Пулишиќ во Челзи. Според „Билд“, шефовите на Борусија спровеле разговор со Американецот, на кој му дале зелено светло за заминување, но само во насока странство



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2019 02:38