Португалскиот тренер Леонардо Жардим (44) се врати на чело на Монако. Тој го замени на позицијата Тиери Анри, кој беше ослободен од обврските порано денес.

Интересно е дека Жардим беше отпуштен од „Луј II“ во октомври поради слабиот старт на сезоната, но под раководство на неговиот заменик екипата постигна уште полоши резултати и падна на претпоследното место во Лига 1.

Анри беше отстранет од работа вчера, а во претстојниот меч со Дижон во шампионатот утре, тимот ќе биде предводен од привремениот тренер Франк Паси.

Жардим пак ќе направи повторно деби на кормилото на тимот од Кнежеството на 29 јануари во натпреварот од Лига Купот против Гинган.

Под негово водство, Монако стана шампион на Франција во 2017 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2019 03:11