Поранешниот тренер на Монако, Тиери Анри, се збогуваше со клубот, објавувајќи порака на „Твитер“.

Легендарниот напаѓач на Арсенал и Франција го презеде тимот пред три месеци, но неговите резултати беа полоши од неговиот претходник Леонардо Жардим. Интересно, токму Португалецот беше вратен на функцијата со договор за 2,5 години.

– Со големо жалење соопштувам дека го напуштам Монако. И покрај тешкотиите што го придружуваа мојот престој, работев со големо задоволство за овој извонреден клуб. Верувам дека со новите играчи, тимот ќе биде подготвен за втората половина од сезоната. Исто така, се надевам дека ќе го реализира својот потенцијал и ќе забележи победнички серии, почнувајќи од натпреварот со Дижон. Му посакувам на Монако успех во Купот на Франција и враќање во Европа, како и успех на мојот наследник, напиша Анри

Тој не пропушти да се заблагодари на раководството на Монако за можноста да работи во клубот од детството.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2019 11:39