Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери призна за супериорноста на Манчестер Јунајтед по поразот со 1:3 во меч од шеснаесетфиналето на ФА Купот, одигран во Лондон.

– Тие беа убиствено ефикасни во текот на целиот меч. Имавме шанси, но не ги реализиравме. Затоа резултатот е таков. Нашиот план за натпреварот функционираше добро, извршивме притисок, но во второто полувреме мораше да ризикуваме, бидејќи заостанувавме во резултатот. Заслуживме повеќе, изјави разочаран Шпанецот по мечот.

Тој потоа одговараше на прашање за повредените играчи во тимот, а најсериозна се чини ситуацијата со Лоран Кошчелни, кој беше згазнат во лице од страна на напаѓачот на гостите, Ромелу Лукаку.

– Се надевам дека нема сериозно повредени играчи. Посериозна е ситуацијата со Кошчелни, кој веројатно има скршена вилица, прокоментира Емери.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2019 11:42