Марио Балотели влезе како резерва и се запиша во листата на стрелците во своето деби за Олимпик Марсеј, но тоа не помогна да биде избегнат домашниот пораз со 1:2 од Лил во натпревар од 22-то коло на француското фудбалско првенство.

Балотели, кој пристигна на „Стад Велодром“ на заем од Ница порано во текот на неделата, се појави во игра четвртина час пред крајот на местото на Бубакар Камара и постигна гол во шестата минута од дополнителното време, кога со глава пресретна центрирање на Кевин Стротман од корнер.

Пред тоа, сепак, Лил имаше предност од два гола, кои ги реализираше Николас Пепе. Марсеј од 67-та минута играше со играч помалку, по црвениот картон на Флоријан Товен.

Лил на тој начин ја забележа третата последователна победа и со 43 поени се зацврсти на второто место, на 10 поени зад лидерот ПСЖ. Олимпик Марсеј е седми со 31 поен, откако забележа само еден успех во последните седум натпревари во Лига 1.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2019 11:53