Фудбалерот на Челзи, Н’Голо Канте е подготвен да ја финансира потрагата по исчезнатиот Емилијано Сала и пилотот Дејв Иботсон. 72 часа по исчезнувањето на малиот авион со кој напаѓачот требаше да пристигне во Кардиф од Нант, полицијата во Гернзи ја прекина операцијата за пронаоѓање на леталото. Овој потег, логично, не беше прифатен од семејството на Сала и од фудбалскиот свет.

Н’Голо Канте изразил подготвеност да ја финансира потрагата по напаѓачот. Двајцата играа заедно во француски Каен во 2015 година. Полудефанзивецот бил скршен од веста дека потрагата по Сала и пилотот на авионот е прекината и се поврзал со семејството на напаѓачот, за да им даде поддршка.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2019 13:19