Напаѓачот на Реал, Маријано Дијаз може да го напушти клубот. Тој може да заигра на изнајмување во друг шпански тим. Станува збор за Реал Бетис, кој сака да го преземе Доминиканецот во јануари, информира каталонскиот весник „Спорт“.

Според публикацијата, Дијаз ќе игра во Бетис до крајот на оваа сезона.

Напаѓачот се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ од Лион минатото лето. Шпанскиот гигант плати за него 21,5 милиони евра.

Маријано досега не ја оправда довербата – во 13 натпревари за Реал на сите турнири сезонава, тој постигна само еден гол.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2019 15:23