Мартин Касерес ги помина медицинските тестови во Јувентус.

Уругвајскиот дефанзивец по трет пат се враќа во италијанскиот шампион, со кој освои три титули. Дефанзивецот беше пречекан од тифозите на Јуве во Медицинскиот центар на „старата дама“

Касерес преминува во Јувентус со трансфер од Лацио во вредност од 600.000 евра. Искусниот дефанзивец е подготвен да го замени Меди Бенатиа, кој е пред трансфер во Катар.

За репрезентативецот на Мароко, Јувентус ќе добие околу 10 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2019 16:00