Арсенал ќе се обиде да го привлече крилото на Интер, Иван Перишиќ, пишуваат медиумите во Англија.
Според Би-Би-Си, лондонскиот тим се заинтересирале дали можат да го привлечат 29-годишниот Хрват за изнајмување со опција да го купат летото за 35 милиони фунти.
Перишиќ има договор со „неразурите“ до 2022 година.
Трансфер стратегијата на Арсенал оваа зима е да привлече играчи за изнајмување со опција да ги купи во текот на летото. На овој начин, „топџиите“, исто така, се обидуваат да го договорат Денис Саурез од Барселона.