Италијанскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер, Матео Салвини, е многу задоволен од официјализирањето на договорот помеѓу Јувентус и Челзи за Гонзало Игуаин. Салвини не престанува да коментира за теми поврзани со тимот на Милан, кој еомилен на политичарот.

Лидерот на десничарската партија „Лига“ се вмеша во скандал во крајот на 2018-та година, кога го критикуваше јавно Џенаро Гатузо, а тренерот на Милан го советуваше „да си ја гледа политиката“.

– Среќен сум, дека Игуаин си замина од Милан. Добро е што си замина. Многу ми се допаѓа Пјатек, а има и европски пасош! Ова е многу добро. Да се почитува дресот на Милан е фундаментално. Тој си замина и ние победивме, па може да оди каде сака. Не ми се допаѓаат платениците во политиката или фудбалот, изјави Салвини за новинарите.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2019 11:01