Фудбалерот на Барселона, Жорди Алба е убеден дека Нејмар нема да се врати во каталонскиот клуб. Во 2017 година, Бразилецот се пресели од Барселона во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.

Нејмар е неверојатен играч, еден од најдобрите, но тој одлучи да замине, и јас не гледам многу логика во неговото враќање. Едноставно не верувам во тоа. Тој е одличен играч, пријател со сите нас. Но, Педро и Бартра исто така беа со нас, тие се блиски со нас, но никој не зборува за нивно враќање, изјави Алба.

Сличен став со Алба, претходно искажа и поранешниот капите на Барселона, Андрес Иниеста.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2019 14:36