Серхио Рамос стигна до бројката од 50 гола постигнати со глава за Реал Мадрид.

Рамос постигна погодок во 15-тата минута од натпреварот со Еспањол, реализирајќи за 2-0.

Реал победи со 4-2 во 21-иот круг на Примера дивизијата и се наоѓа на третото место на табелата со 39 бода – 10 помалку од лидерот Барселона, која вчера безпроблеми ја совлада Жирона со 0-2.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2019 11:05