„ Развој и реинженеринг на деловните процеси на новиот интегриран даночен ИТ систем“

Овозможувањето на поедноставени процеси, оптимизирано искористување на ресурсите, намалени трошоци, поголема ажурност и помалку пречки во работатењето и поголема прецизност на податоците…., неминовно треба да доведе до унапредување на даночните услуги кон граѓаните и за граѓаните, беше речено на денешната презентација на завршна конференција на Проектот „Развој и реинженеринг на деловните процеси на новиот интегриран даночен ИТ систем“, спроведен од ноември 2017 години до февруари 2019 година, а е финансиран од ЕУ.

За ефикасна даночна администрација најважно е да се разбере позицијата на даночната администрација во секоја земја и дека тие се централна власт во секоја земја, бидејќи без даночна администрација нема влада, приходи, јавни услуги, развој, рече Анѓа Комшо, лидер на проектниот тим во име на конзорциумот.

Таа нагласи дека тие што повеќе избегнуваат хартија и дека во рамки на законскиот систем имаат коресподенција без никаква хартија.

– Тоа ќе ги намали трошоците и ќе го зголеми квалитетот на податоци и услуги. Неопходно е да имаме процес во реално време, да обезбедиме високо ниво на доверливост на податоците, бидејќи таквите податоци се користат во носење одлуки. Потребно е да ги избереме вистинските даночни обврзници на кои треба да се применат репресивни мерки, а на оние кои доброволно го почитуваат даночниот систем да им се даде квалитетна поддршка преку различни услуги. Модерниот модел за управување со даночните обврзници е заснован на ризик, нагласи Комшо.

Таа рече дека за секој даночен обврзник, клиент потребно е да се процени колку е ризичен приходот што треба да се собере од различните даночни обврзници и дека институцијата треба да собере многу податоци, да ги анализира, да создаде профил и да направи разлика помеѓу даночните обврзници.

-Од една страна имаме даночни обврзници кои кои почитуваат, а од друга страна даночни обврзници кои сакаат да го избегнаат даночниот систем. И помеѓу нив имаме различни класификации на даночни износи што не знаат како да ги платат даноците и ако даночните власти се ефикасни нема да има проблем. Идејата е да управуваме со даночните обврзници со ризиците за приходите што ги презентираат според нивното однесување. Во таа насока даночните власти собираат многу податоци, воспоставуваат интегриран модел и во исто време даваат податоци на други институции. Системот како што го дизајниравме ќе го измени начинот на кој се собираат даноци и како другите сродни тела. Секако, не може да се спроведе преку интензивен менаџмент и информациска технологија што треба да обезбедат доверлива даночна средина кај сите чинители, внатрешно вработени соодветно да дејствуваат и да користат одговори на оптимален начин за да ги информираат навремено даночните обврзници, нагласи Комшо.

Фреек Јанмаат, раководител на Секторот за економски прашања, институционален развој и прекугранична соработа при Делегацијата на ЕУ нагласи дека спроведувањето на приоритетите е главен предизвик за националните власти, но и воспоставувањето на ефикасен даночен систем.

-Таков систем претставува услуги ориентирани кон граѓаните и ги намалува ризиците од затајување данок. Со ова треба да им се служи на интересите на даночните обврзници, да се поедностават процедурите и да се подобри ефикасноста на даночниот систем. Во време на економски потешкотии за секоја власт е важно да го подобри системот на даноци или принципите на транспарентност, отчетност и ефикасност, рече Јанмаат.

Јанмаат нагласи дека сегашниот проект, што е во вкупна вредност од 300 илјади евра, во голема мерка придонесе кон остварување на целите на реинжинирањето на деловните процеси, ќе овозможи развојна едноставни, ефикасни процеси усогласено со стандардите на ЕУ, интегриран ИТ систем за управување со ризици и подобри услуги за даночните обврзници.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска изјави дека со целосната реализација на овој проект ќе се овозможи намалување на трошоците за наплата на даноците, но и подобри услуги на граѓаните, државните и јавните институции и другите засегнати страни.

-Благодарение на овој проект преку минимална интеракција со даночните обврзници ќе се постигне максимална наплата на даноците и намалување на сивата економија. За граѓаните и правните лица процедурите за пријавување и плаќање на данок ќе се поедностави, а со тоа ќе им заштедиме скапоцено време, рече Лукаревска.

Во врска со тоа дека сметководителите се жалат дека системот на УЈП моментално не работи, директорката Лукаревска на новинарското прашање одговори дека имало реакции во јавноста за поднесувањето на ДДВ пријавите, но меѓутоа, како што рече, само на 22 и 23 јануари имаше прекин од еден час во делот на работењето и функционирањето на ИТ системот затоа што имало преоптеретеност зашто секој пат како и за секое пријавување го чекаат последниот ден.


„ Развој и реинженеринг на деловните процеси на новиот интегриран даночен ИТ систем“

-Им излеговме во пресрет на даночните обврзници, односно на сметководителите и го продолживме рокот. Се случувало ова и претходно, сепак станува збор за наследен закрпен систем кој што сега коко што е овој настан тука очекуваме да ги надминуваме деловните процеси, да ги развиваме, а со тоа и ИТ предизвиците во УЈП, изјави директорката Лукаревска.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2019 15:35