Иранската државна телевизија објави дека во денешниот напад врз база во градот Никшар на паравоените сили Басиџ, една од петте вооружени формации на Револуционерната гарда, едно лице загина, а петмина се повредени.

Иранските власти не соопштуваат детали за нападот, а се уште никој не презел одговорност.

Никшар се наоѓа во иранската покраина Систан-Балуџистан, а минатата недела во двоен напад во главниот град на покраината, Захедан, повредени се тројца полицајци.

Во минатото за слични напади одговорност преземаа локалните сепаратисти и криумчари на дрога.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2019 11:40