Иран денеска претстави нова крстосувачка ракета со дострел од 1.300 километри, јави државната телевизија во време кога земјата ги прикажува достигнувањата при прославата на 40-годишнината од Исламската револуција.

– Со дострел од над 1.300 километри, на оваа крстосувачка ракета и е потребно кусо време да биде подготвена и да може да лета на мала надморска висина, изјави министерот за одбрана Амир Хатами.

Тој додаде дека новата ракета земја – земја, со име Ховеизех, е од видот крстосувачки ракети Соумар, произведени 2015 година.

Западните експерти тврдат дека Иран често своето оружје го претставува во подобро светло, иако постои загриженост поради балистичките ракети со голем дострел.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2019 12:01