Грчкиот тенисер Стефанос Циципас зборуваше за неговата победа над Швајцарецот Роџер Федерер на Австралја опен. Според тенисерот, неговиот сон се оствари.

– Мојот сон се исполни, по овој натпревар мојот мозок експлодира. Тоа беше магичен момент, никогаш нема да го заборавам. Победата над идолот … Првиот пат секогаш станува посебен. Многу е веројатно дека следниот пат кога ќе се сретнеме повторно на теренот, сè ќе биде различно и тој веќе ќе знае што да очекува од мене. Морам да бидам поподготвен за ова. Сакам да играм против такви играчи, изјави Циципас за официјалната веб-страница на АТП.

Циципа стигна до полуфиналето на првиот годинешен Грен слем, каде што загуби од Шпанецот Рафаел Надал. Победникот на турнирот беше Србинот Новак Ѓоковиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2019 15:12